Најава: Вечер со Богородица од Меѓугорје

Најава: Вечер со Богородица од Меѓугорје

Во петок 25 јуни 2021 година со почеток во 20.15 минути во дворот на црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се одржи настанот „Вечер со Богородица од Меѓугорје“, а настанот е во организација на Радио Марија и парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица.

На средбата која е од отворен карактер учесниците ќе имаат можност да се запознаат со Богородица од Меѓугорје, каде пред 40 години се објави во тоа мало неважно херцеговско место. Покрај тоа во рамките на програмата е предвидена Света Бројаница, Литанија до Пресвета Богородица, духовен наговор на о. Ѓорги Динов, како и повеќе сведоштва од луѓе кои лично ги доживеале милостите од Меѓугорје при нивното поклонение, а кои Радио Марија ги организираше пред пандемијата.

Со вас задолжително понесете ги вашите молитвени накани.

Настанот ќе се одржи со почитување на мерките предвидени од надлежните институции.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот