Наскоро папата Павле VIќе биде прогласен за блажен

По повод беатификацијата на папата Павле VI, во недела 19 октомври, расте бројот на организирани настани за ликот и папството на папата Монтини. Токму за овој иден блажен беше посветена средбата на црковното движење ’Обнова во Светиот Дух’, што се одржа на 12 октомври во родното место на папата Монтини – Монтокиjари, во близина на Бреша. На средбата беше присутен и дон Анџело Мафеис, претседател на институтот Павле VI, кој во разговор за Радио Ватикан коментираше за ликот на Павле VI, за Вториот ватикански собор и за посебното согласување со папата Фрањо.

Потсетувајќи дека Павле VIго наследи Вториот ватикански собор, кој го свика и отвори неговиот претходник, папата Иван XXIII, дон Анџело истакна дека после 50 години јасно се забележува како овие две личности се надополнуваат. Павле VIго толкуваше овој собор како испит на совеста која требаше да ја избистри свеста на Црквата околу сопствениот идентитет и нејзината мисија и така да го обнови начинот за праќање на евангелските пораки, како и за структурата и начинот како ќе делува самата Црква.

На новинарскиот коментар дека папата Монтини секогаш бил признат како многу интелигентен и човек од голема култура, но помалку познат по димензијата на неговата духовност, дон Анџело рече дека тој припаѓа на оној вид луѓе кои не ја покажуваат веднаш својата внатрешност; како да постои одредена срамежливост во изразувањето на она што е во срцето – додаде дон Анџело. Мислам дека оваа димензија на папата Монтини дојде до израз особено по неговата смрт, откако беа објавени некои негови дела.

Одговарајќи на новинарското прашање дали има уште некои други показатели за согласност меѓу папата Фрањо и Павле VI, бидејќи енцикликата Evangelii Nuntiandi од Павле VIпапата Фрањо ја смета за најважна од досегашните напишани документи околу науката за пасторалот, дон Анџело пред се истакна за многу убава согласност со што церемонијата за беатификаицја на Павле VIсе совпаѓа со завршувањето на вонредната Епископска синода.

Епископската синодата е – објасни – институција која Павле VIсакаше да биде како продолжение на солидарноста, на размената и дијалогот на епископското тело, кои на Вториот ватикански собор беа многу добро изразени, но требаше да се пронајде пат како би се изразиле во редовниот живот на Црквата. Размислувајќи за мисијата на Црквата, која ја развил Павле VI, а папата Фрањо ја продолжува, дон Анџело уште додаде дека мисијата ја поврзува свеста за големото богатство која Црквата го добила и има за задача да ја проповедува вистината, со дарот кој и е даден. Истовремено видливо е и чувството за денешната состојба, за културата и социјалната реалност во која Црквата ја врши својата мисија – истакна претседателот на Институтот Павле VI.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот