Насилство врз жените: Проширена реалност и се користи како воено оружје

Насилство врз жените: Проширена реалност и се користи како воено оружје

Папата во својот пладневен говор ги поздрави учесниците на маршот против силувањето на жените во конфликти, организиран од Амбасадата на Велика Британија при Светиот Престол, кој заврши токму на плоштадот Свети Петар. Потоа во молитвата го спомна германскиот бездомник Буркхард Шефлер, кој почина од студ пред три дена под колонадата на базиликата Свети Петар

Сексуалното насилство врз жените „за жал е општа и широко распространета реалност и се користи и како воено оружје“ – рече папата Фрањо по молитвата Ангел Господов во недела 27 ноември 2022 година, поздравувајќи ги учесниците на Маршот против сексуалното насилство врз жените во конфликти, организиран од британската амбасада при Светиот Престол:

Марш против силувањето што се користи како оружје  

Иницијативата за истакнување на глобалниот проблем на сексуалното насилство што се користи како воено оружје низ целиот свет, на која и се приклучи Атлетика Ватикана, беше организирана пред Меѓународната конференција во Лондон за ова прашање со поддршка на Светската унија на католички жени (Вучво).

Спомен на германски бездомник кој почина од студ

Се потсетувам и на Буркхард Шефлер, кој почина пред три дена под колонадата на плоштадот Свети Петар; починал од студ.

Со овие зборови папата Фрањо го спомена германскиот бездомник кој во петок наутро беше пронајден мртов. Живееше на улиците во Рим, му помагаше Дикатеријата за служба на милосрдието – објасни директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни. За жал, изминатите студени и дождливи ноќи придонесоа за влошување на неговата слаба состојба – додаде тој, нагласувајќи дека Папата го споменува во молитвата заедно со сите оние кои се принудени да живеат без покрив над главата, во Рим и во светот, и ги повикува верниците да му се придружат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот