Наместо читање на хороскоп гледај во Исус Кој е покрај тебе

Ние христијаните не очекуваме одредено време или место, туку одиме во пресрет на една личност: Исус – рече папата Фрањо на пладневниот наговор на 15 ноември, осврнувајќи се на евангелското читање во кое Исус зборува за случувањата во последните времиња на човечката историја.

Говорот на Исус во себе содржи апокалиптични елементи – војни, глад, космичка катастрофа, но тие не се важни фактори на пораката. Јадрото на Исусовиот говор е Тој самиот; таинството на Неговата личност, неговата смрт и воскресение и неговото враќање на крајот на времињата.

Нашата конечна цел е средбата со воскреснатиот Господ – продолжи Светиот Отец прашувајќи колку често за тоа размислуваме: Еден ден ќе го сретнеме Господ лице во лице. Заради тоа – рече Папата – проблемот – не е „кога“ ќе се случат знаците на последните времиња, туку да нè најдат подготвени. Не се работи за тоа да знаеме „како“ ќе се случат тие работи, туку „како“ да се однесуваме денес додека ги очекуваме. Повикани сме да живееме во сегашноста градејќи ја нашата иднина во мир и доверба кон Бог.

Параболата за смоквата која пушта листови како знак дека летото е близу ни зборува дека перспективата за очекување на последните времиња не нè разделува од сегашниот живот, туку нè поттикнува да гледаме на нашите денови низ објективот на надежта. Надежта – рече папата Фрањо – е најмала од крепостите, но е и најсилна. А нашата надеж има лице: лицето на воскреснатиот Господ. Исусовиот триумф на крајот на времињата ќе биде триумфот на крстот доказ дека жртвувањето на самиот себе од љубов кон ближниот. Наследувањето на Христос – како што рече Папата – е единствена победоноснона сила и единствена цврста точка среде светските превирања и трагедии.

Господ Исус не е само врвот на нашето земско ходочастие, туку е и постојано присутен во нашите животи. Заради тоа кога зборува за иднината и нè упатува на неа секогаш повторно нè враќа во сегашноста. Тој се спротивставува на лажните пророци, јасновидци кои го предвидуваат крајот на светот и фатализмот. Исус сака да ги одврати своите ученици од љубопитноста за датуми, од предвидувања и хороскопите и вниманието да ни го насочи на денешницата – рече Светиот Отец, додавајќи: Би сакал да ве прашам – секој нека си одговори во себе… Колку од вас читат дневно хороскоп? Кога ќе ти дојде желба да прочиташ хороскоп гледај на Исус Кој е со тебе. Тоа е подобро; тоа повеќе ќе ти користи.

Исусовото присуство нè повикува на внимание и будност ја исклучува како нетрпеливоста така и заспаноста како бегство во иднината, така и затвореноста во актуелностите и световноста. Велејќи дека ниту во нашето време не недостасуваат природни и морални катастрофи, Папата посети дека сè поминува, а само Господовото Слово останува како наше светло и водач. Тој секогаш ни простува затоа што е со нас. Само е потребно да се гледа во Него и ќе ни го преобрази срцето – заврши Папата.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот