Надбискупскиот ординаријат Врхбосна повикува на молитва за здравјето на кардинал Пуљиќ

Надбискупскиот ординаријат Врхбосна повикува на молитва за здравјето на кардинал Пуљиќ

Врхбосанскиот надбискуп, кардинал Винко Пуљиќ е позитивен на коронавирус, соопшти Надбискупијата Врхбосна во вторникот 1 декември 2020 година.

Кардиналот Пуљиќ чувствува благи симптоми и со препорака од лекар е во домашна изолација.

Надбискупскиот ординаријат ги повикува верниците на молитва за здравјето на кардинал Пуљиќ и апелира до сите да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат сите епидемиолошки мерки донесени од надлежните институции – стои во соопштението потпишано од канцелартр на Врхбосанската надбискупија, о. Младен Калфиќ.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот