Надбискупот Јурковиќ: На глобалната криза постои само глобален одговор

Надбискупот Јурковиќ: На глобалната криза постои само глобален одговор

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева, надбискупот Иван Јурковиќ во разговор за Катпрес на 18 мај ја истакна неопходноста од мултилатеризам и помош на сиромашните земји во пандемијата.

По повод годишното собрание на СЗО кое на 18 и 19 мај се одржа преку видео конфренција, надбискупот Јурковиќ истакна дека на глобалната криза од која пандемијата коронавирус е само дел може само глобално да се одговори, додавајќи дека „ако не го совладаме вирусот, ништо не можеме да постигнеме.“

Надбискупот повика на поголема солидарност меѓу државите, која мора да биде загарантира без поставување на услови. Со многу пари може многу да се постигне; можности за великодушност постојат. Католичката Црква во светот води 5.000 болници и 16.000 амбуланти. Богатите индустриски земји имаат одговорност за огромната димензија на сиромашниот дел од светот, истакна Јурковиќ.

Го повтори барањето за прекин на вооружените конфликти во време на пандемија и повеќе дипломатија – оваа година повеќе луѓе се убиени во конфликти отколку што се починати од коронавирусот, а се заложи и за укинување на економските санкции. Истакна и деке можната вакцина или лекот против Ковид-19 сиромашните земји мора да можат да го набават по поволна цена. На крајот од разговорот постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН рече дека секогаш може да се критикуваат институциите како што е СЗО и тие можат постојано да се реформираат, но тоа смее да се прави само во заедништво со сите, оценувајќи дека меѓународниот систем моментално покажува некои слабости.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот