Надбискупот Физикела: Јубилејот на милосрдието ќе биде време на милост

Надбискупот Салваторе Физикела, претседател на Папскиот совет за поттикнување на новата евангелизација, ги изложи на денешната прес конференција во Ватикан, деталите за прославата на Светата Година на милосрдието, а беше исто така претставено логото и мотото на Јубилејот.
Јубилејот на милосрдието не сака да биде како Големиот јубилеј во 2000 година, но желба на Папата е оваа Света Година да се прослави и во Рим и на подрачјата на месните Цркви. Првпат во историјата на јубилеите, истакна монсињор Физикела, тоа ќе биде прилика за одредени епархии ја отворат својата лична Света Врата, Вратата на милосрдието, било да е тоа во катедралите, во црквите од посебно значење или, пак во светиште од лична важност за поклонениците. Од самото свикување на Јубилејот, Светата Година на милосрдието отстапува од вообичаениот образец. Имено, Јубилеите се одбележуваат на секои 50 или 25 години. Два вонредни јубилеи се прогласени на годишнината од Христовиот откупителен чин во 1933 година и 1983 година, додека овој јубилеј е посветен на една тема, на милосрдието.
Второто оргинално значење на оваа Вонредна света година се „Папските мисионери на милосрдието“, на кои ќе им биде доверено посланието на Чиста среда во базиликата свети Петар следната година. „Мисионерите треба да бидат стрпливи свештеници, кои ја разбираат човечката кршливост, па така преку светата тајна исповед се подготвени да ја изразат љубовта полна со благоста на Добриот Пастир“, истакна монсињор Физикела.
„Summa theologiae“,на тема милосрдие, така надбискупот Физикела го нарече логото на Јубилејот кое беше претставено на прес конференцијата. Логото го покажува Исус како на рамениците носи изгубена душа, а покрај таа слика на страната стои натпис, кој е воедно и мото на јубилејот, „Misericordes sicut Pater“-Милосрдни како Отецот. Тој приказ, чиј автор е исусовецот Марко Иван Рупник, го покажува според зборовите на монсињор Физикела, „длабокиот начин на кој Добриот Пастир го допира телото на човештвото со љубовта која може да го промени животот“.
На логото, Христос, кој ја зел човечката природа, има очи вперени во човекот: „Христос гледа со Адамовите очи, а Адам со Христовите“, така да „секоја личност ја открива во Христа, новиот Адам, својата лична човечност и иднина“. Три елипси кои опкружуваат два лика, постепено посветло движејќи се кон надвор, означуваат дека Христос го изнесува човештвото од темнината на гревот и смртта, објасни надбискупот.
РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот