Надбискупот Рош е новиот префект на Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни

Надбискупот Рош е новиот префект на Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни

Папата Фрањо на чело на Конгрегацијата за богослужби го постави надбискупот Роше кои до сега ја имаше должноста секретар, а на таа должност го именува епископот на Тортоне монс. Витори Виол. Нов потсекретар е монс. Аурелио Гарсија Марсијас.

Папата Фрањо именува нови челници на Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни. На должноста префект кардиналот Роберт Сарах кој во февруари оваа година се повелеч, ќе го наследи 72 годишниот надбискуп Артур Рош секретар на таа дикастерија од 2012 година кога на таа должност го именуваше папата Бенедикт XVI.

По потекло е од Батли Кара во Англија, новиот префект го посетувал Папскиот универзитет Комилас во Валадолид во Шпанија каде се стекнал со диплома по теологија. За свештеник е ракоположен во 1975 година и меѓу останатите должности во 1996 година стана генерален секретар на Епископската конференција на Англија и Велс.

Свети Иван Павле II во 2001 година го именувал за помошен епископ на надбискупијата Вестминстер, а во јули 2002 година станува коадјутор на бискупијата Лидс и претседател на Меѓународната комисија за Литургија на англиски јазик. Две години подоцна е именуван за епископ на дијацезата Лидс и претседател на Оделот за христијански живот и богопочитување на Епископската конференција на Англија и Велс. Член е на Постојаниот одбор на Конференцијата на католички епископи на Англија и Велс и еден од тројцата епископи одговорни за Англсикиот завод во Рим и Валадолид во Шпанија и Заводот Беда во Рим.

Освен именувањето на монс. Рош папата Фрањо ја додели службата секретар на Конгрегацијата за богопочитување на епископот на Тортоне, фрањевацот Виторио Франческо Виоли. За потсекретар на таа дикастерија Папата го иемнуваше со епископски карактер доделувајќи му насловно седиште Ротдон монс. Аурели Гарсија Марциас досегашен шеф на канцеларијата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот