Надбискупот од Минск: Потребен е дијалог за да се избегне граѓанска војна

Надбискупот од Минск: Потребен е дијалог за да се избегне граѓанска војна

За решавање на кризата во Белорусија е потребно мир и дијалог. Монсињор Тадеуш Кондрушиевич, надбискуп на Минск, овие денови повеќе пати, од самиот почеток на демонстрациите, ги поттикнува Белорусите да пронајдат мирен пат за излез од тешкиот судир помеѓу претседателот и опозицијата. Надбискупот лично побара да се моли, како би се избегнало влошување на ситуацијата во Белорусија.

Откако повторно е избран стариот претседател, тоа е многу тежок момент за Белорусија. На улиците на нашите градови изгледа како да владее воена атмосфера. Едно лице загина, а повеќе граѓани се повредени, како и припадници на безбедносните сили. На Богородица од Светата Бројаница и мир се обраќам со молитва за нашиот народ.

До жителите на Белорусија упатив апел да се врати мирот и меѓусебното почитување. Исто така побарав да се организира округла маса за да се реши тешката ситуација по пат на дијалог. Важно е да се разговара, затоа што многу се плашиме од граѓанска војна, која нема да донесе добро за никој, ниту за владата, ниту за луѓето. Многу сме загрижени, бараме од светот да моли за мир во Белорусија. Жителите на Белорусија се погодени од многу страдања, а тоа се гледа и преку протестите, затоа што го нема мирот. Сето тоа е многу жално – рече меѓу другото надбискупот на Минск Кондрушиевич.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот