Надбискупот Какучи: Папата ќе го посети Бари по повод средбата ,,Медитеранот, граница на мирот”

Надбискупот Какучи: Папата ќе го посети Бари по повод средбата ,,Медитеранот, граница на мирот”

Папата Фрањо на 23 февруари ќе биде во Бари, каде ќе го предводи евхаристиското славење со кое ќе заврши средбата насловена ,,Медитеранот граница на мирот”. Тоа ќе биде негова втора посета во тој град и четврта на покраината Апулија. По мислењето на надбискупот Франческо Какучи, оваа наклонетост на Папата е поврзана со ликот на Свети Никола, кој посебно е „екуменски” универзален светец

Папата Франо на 23 февруари ќе ја предводи светата Литургија во Бари. Со тоа евхаристиско славење ќе се заврши Средбата за размислување и духовност насловена „Медитеранот граница на мирот”. Средба ја организира Италијанската бискупска конференција, а на неа ќе се соберат бискупи од 19 медитерански земји и ќе се одржи од 19 до 23 февруари. Желба е таа средба да биде лабораторија за синодалност, како стил на живот, како што стои на интернет страницата на таа иницијатива, која треба да биде видлива во зваемното почитување, благодарност и нега на односите.

Основната желба на организаторите е верувањето дека Црквата на Медитеранот е присутна и ефикасна, богата со литургиски, духовни и црковни традиции, со денешни можности да се зајакнат постојаните структури на заедништво и евентуално да се создадат нови. Иницијативата има за цел да придонесе за промовирање на културата на дијалог и мир за иднина на целиот Медитерански базен – објаснува Италијанската бискупска конференција.

Токму поради тоа сината боја на морето, во логото за средбата ја претставува желбата за истражување, размислување, незадоволството со сегашната состојба и нова комуникација помеѓу различните контексти окупирани од морето. Рацете, пружени една кон друга, означуваат средба од која треба да се создадат мостови, а не ѕидови, како што секогаш потсетува папата Фрањо. Рацете освен тоа, го претставуваат богатството и историјата на секоја територија која излегува на море, како и фактот дека само слушањето и заедничкото учество овозможуваат да се исполнат.

Стилизираните човечки фигури, го претставуваат ентузијазмот со кој бискупите на Медитеранот имаат намера да промовираат култура на дијалог и градење на мир. И на крај, логото за средбата е во полукружен облик, за да наликува на виножито, па така и на низата која го прават простувањето, мирот, како и ангажирањето за жив Медитеран и народи кои го населуваат.

Бари-мост со Исток и Африка

Надбискупот на Бари и Битонт, монс.Франческо Какучи, во разговор за Радио Ватикан ја истакна важноста за таа иницијатива во овој момент од историјата. Оваа важност – според зборовите на надбискупот – сака да ја истакне и папата Фрањо со својата присутност. На новинарското прашање каква порака може да излезе од Бари, надбискупот рече дека бискупите сакаат барем да им помогнат на сите да размислат за потребите за мир во областа на она што – како го нарече Џорџио Ла Пира – големото Езеро на Тиберија.

Папата Фрањо на 23 февруари по втор пат ќе го посети Бари, а воедно тоа ќе биде и негова четврта посета на покраината Апулија. Осврнувајќи се на овој факт, надбискупот изрази убедување дека приврзаноста на Папата е поврзана со ликот на Свети Никола кој е посебно ,,екуменски” универзален светец. Можеби сето тоа започна со итното пренесување на моштите на Свети Никола од Бари во Москва и Санкт Петербург – истакна надбискупот.

Мислам дека изборот на Бари за место за одржување на екуменскатас средба на 7 јули 2018 година беше последица на тоа што го избра Светиот Отец – додаде тој. Овој пат одлуката ја донесе Црквата во Италија, по белегот на димензијата за кост со Исток што го одликува градот Бари – рече надбискупот Какучи и на крајот истакна дека во минатото Иван Павле II истакнал дека Бари и Апулија треба да потсетуваат на нивниот повик кон Медитеранот и Африка.

Ватикан њуз:/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот