Надбискупот Галагер за патувањето во Јапонија

Надбискупот Галагер за патувањето во Јапонија

Мир, човекови права, разоружувањето, тоа се главните теми за кои надбискупот Пол Р. Галагер, секретар за односи со државите, ги истана на неодамнешното патување во Јапонија, а за кои секогаш говори и папата Фрањо.

Во разговор за Радио Ватикан, надбискупот говореше за својот престој во Јапонија и за итните предизвици на ватиканската дипломатија.

Кога пристигна поканата да го посетам Токио, прифатив во духот на реципроцитет, рече надбискупот Галагер. Да се оди во Јапонија значи да се сведочи за посебната состојба: после Втората светска војна, после атомските бомби, земјата е длабоко потресена. Јапонците имаат посебно чувство за мир, се чувствува дека сите сакаат сигурен мир – рече надбискупот Галагер, додавајќи:

Во Јапонија може да се заборува за мирот: луѓето го ценат мирот, знаат дека е потребен напор за да се гарантира мирот. Темата за мирот е многу жива, што ме радува, затоа што мирот често го сфаќаме како нешто сигурно, загарантирано, но не е така. Во Јапонија ја разбираат цената за мирот и страдањата од војната – повтори надбискупот Галагер. (…)

На прашање дека на предавањето на универзитетот „Софија“ во Токио, говореше за правата на сиромашните и бегалците, надбискупот рече дека треба да се работи на намалување на конфликтите и ставање крај на војните. Треба да се поддржи економски и финансиски развој на земји во кои сиромашните се принудени да бараат подобра иднина за себе и своето семејство. Имаме сè на располагање за создавање поправеден свет, каде сите ќе можат достојно да живеат – рече надбискупот Галагер. (…)

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот