Надбискупот Ауза зборуваше за дипломатијата на папата Фрањо

Надбискупот Ауза зборуваше за дипломатијата на папата Фрањо

Надбискупот Бернардито Ауза, постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите народи, на 1 март 2017 година одржа предавање за студентите и персоналот на „Училиштето за дипломатија и меѓународни односи“ на универзитетот Сетон Хал во Њујорк на тема „Дипломатијата на папата Фрањо“.

Надбискупот Ауза истакна дека во историјата на Црквата не се зборува за прекини или нови почетоци, туку за континуитет, за патување кое е водено од вечната наука откриена во контекст на светот кој постојано се менува. Тој напомена дека дипломатијата на Светиот Престол е послание и задача која таа во секулараниот свет ја спроведува во име на Црквата, а која ја спроведува и самата Црква. Според тоа, покрај останатите Црковни посланија и дела и таа е поврзана со начелото salus animarum suprema lex, (односно спасението на душата е најголемиот закон на Црквата).

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол рече дека темата на средбата е нишка која ги поврзува зборовите на Папата и делата. „Папата Фрањо на посебен начин ја поврзува „културата на средба“ со солидарност и активна љубов“, нагласи надбискупот, додавајќи дека дипломатијата на Светиот Отец е дипломатија на дијалог, кој има за цел решавање на конфликтите, промовирање на единството и борба против исклучување. „Тоа е она што Папата го нарекува caminar juntos („да се оди заедно“) како стил на животот“, рече надбискупот Ауза.

Надбискупот зборуваше и за улогата на Светиот Престол во Обединетите нации, истакнувајќи дека Светиот Престол најпрво се двоуми за соработка со Обединетите нации после нивното формирање во 1945 година. Имено, Светиот Престол бил загрижен затоа што петте постојани членки на Советот за безбедност имале право на вето, со што е доведено прашањето за „еднаквост на државите“, а и затоа што членството во Обединетите нации не било универзално: голем број држави биле исклучени, посебно оние малите и оние кои стекнале независност против волјата на своите колонијални господари.

Надбискупот Ауза рече дека Светиот Престол на 6. април 1964 година станува постојан набљудувач при Обединетите нации. Истакна дека тоа било соодветно, не само затоа што Светиот Престол сѐ повеќе учествува во дискусиите на Обединетите нации, туку првенствено поради четирите столбови на Обединетите нации, како што е утврдено со Повелбата, одговараат на четирите темелни столбови на Католичката социјална наука: спречување на војни и промовирање на мирот; заштита и унапредување на човековите права и човековото достоинство; човечкиот развој и конечно, помагање на земјите да ги одржат своите ветувања и да ги почитуваат меѓународните договори и закони.“

На крајот надбискупот Бернардито Ауза наброи шест приоритети на мисиите на Светиот Престол при Обединетите нации: 1) постојано настојување околу постигнување на мирот, посебно од војните погодени подрачја; 2) стремеж за разоружување, и тоа посебно за нуклеарното; 3) одговар на мигрантската и бегалската криза; 4) борба против трговијата со луѓе и други облици на современото ропство; 5) настојување околу помошта на оние кои се во крајна беда; 6) заштите и промовирање на достоинството на секоја човечка личност и семејство.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот