Наградата „Едноставна комуникација“ доделена на папата Фрањо

Наградата „Едноставна комуникација“ доделена е на папата Фрањо. Прогласувајќи го за комуникатор на годината. Наградата на Светиот Отец, на 28 октомври, му ја додели Европскиот институт „Трет милениум“, основан во Рим, кој веќе десет години се занимава со советување и формација токму на подрачјето на комуникацијата. Признанието го прими директорот на Канцеларијата за печат при Светата Столица, патер Федерико Ломбарди. Замислата за доделувањето на наградата на Светиот Отец, дојде од директорот и основател на спомнатиот институт Андре Пицикароли.

Кога беше избран овој Папа, никој не можеше да замисли дека тој е така силна и така комуникативна личност. Ние самите бевме позитивно изненадени – рече Пицикароли за Радио Ватиикан, објаснувајќи дека од тука произлегла идејата за доделување на наградата.

Едноставна комуникацијата е онаа јасната, онаа која настојува да дојде до што повеќе луѓе пренесувајќи им ја вистинската порака, всушност онака како што се чувствува во срцето – додаде и истакна дека тајната е во искреноста. Кога човек е искрен со самиот себе и со другите, комуникацијата тече на доследен начин; никој не може да го стави под прашање она што го зборуваш, бидејќи ти си длабоко убеден во тоа. Ако сме убедни во она што го зборуваме, комуникацијата е едноставна и луѓето ја разбираат – примети Пицикароли.

Овој Папа успеа, на експлозивен, и пред сè на нов начин, директно да дојде до луѓето – рече Пицикароли. Папата Фрањо често се ракува „рамноправно“, директно како да е пријател, роднина, некоја блиска личност, што тој и навистина е. Тој начин на комуникација темелно промени сè, бидејќи тој е Папа кој е „достапен“ – напомна Пицикароли.

На новинарската забелешка дека има такви кои велат дека таквата едноставна комуникација на некој начин дури ја одзема светоста на неговата служба, па на прашањето дали таквото однесување ѝ го одзема угледот на некоја личност, Пицикароли истакна дека напротив, комуникацијата во која луѓето можат да уживаат, која им е блиска, уште повеќе ја прави привлечна, убава, и – според неговото мислење – поважна.

Осврнувајќи се на крајот на уште едно признание за Светиот Отец, односно на достигнатиот број од 10 милиони пријатели на Твитер, Пицикароли напомна дека комуникацијата на дигиталните простори ја гледа како двострук меч. Импресиониран сум, ама не и воодушевен од комуникацијата која е премногу врзана за Интернет. Голема е опасноста во тоа комуникацијата да стане премногу синтетична. Меѓутоа, сигурно е делотворна – рече на крајот Андре Пицикароли. Извор: РВ/ Превод: С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот