Навестување на Воскресението на светата Литургија служена на плоштадот Свети Петар

Навестување на Воскресението на светата Литургија служена на плоштадот Свети Петар

Две години по пандемијата, папата Фрањо повторно служеше света Литургија на плоштадот Свети Петар со присуство на голем број верници, соединети во воскресната радост и пораката за мир што ја донесе воскреснатиот Исус. На крајот од славењето, Папата, поминувајќи со папамобилот низ луѓето, ги поздрави верниците и отиде кај собраните на улицата на помирувањето (via della Conciliazione)

Во недела, 17 април 2022 година, на Велигден, по две години пандемија, папата Фрањо заедно со верниците на плоштадот и околните улици, го прослави Христовото воскресение на преполниот плоштад Свети Петар, осветлен од сонцето и украсен со 40.000 цвеќиња од Холандија. Срцето се радува, иако постои загриженост за војната која крвари во Украина повеќе од 50 дена. Од плоштадот Свети Петар едногласно се воздигна молитва за мир.

Кој верува во Него добива простување

Првото читање, преземено од Делата на светите Апостоли, потсетува на зборовите на Петар: „Ние сме сведоци за сè, што направи Он“, значи дека сме повикани да навестат дека Христос е судија на живите и на мртвите и „кој верува во Него, во негово име добива простување на гревовите“. „Барајте го она што е горе“,повикува Посланието на свети Павле до Колосјаните, „а не за земното! Евангелието, кое беше прочитано на латински и грчки јазик, зборува за откривање на празниот гроб и збунетоста на учениците бидејќи тие сè уште не го познавале Писмо, односно дека „Исус треба да воскресне од мртвите“. По објавувањето на Словото Божјо, Папата и насобраните верници извесно време останаа во тишина.

Поздрав од папамобилот

Во молитвите на верните, искажани на повеќе јазици, беше упатен апел до владетелите да застанат во одбрана на општото добро и хармонијата; на украински јазик се молеше за починатите, како би учествувале во вечната Пасха. На крајот од славењето, папата Фрањо ги поздрави верниците од папамобилот, застанувајќи да возврати со љубезен гест кон оние кои го поканија или го поздравуваа мавтајќи со марамчиња. Папамобилот го однесе Светиот Отец до улицата на помирувањето (via della Conciliazione), што не беше се случило долго време, на радост на луѓето што беа таму.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот