Моќта на светата Бројаница

Моќта на светата Бројаница

Еднаш мојот пријател, за време на егзорцизмот, го слушнал ѓаволот како му зборува: „Секоја Радувај се Маријо е како удар по мојата глава. Кога христијаните би знаеле колку Бројаницата е моќна, тоа ќе е мојот крај“.

Тајната која ја прави ова молитва толку моќна е во тоа што таа истовремено е молитва и медитација. Упатена е до Отецот, Пресветата Богородица и Пресветата Троица, а насочена е на Исусовиот живот.

Како да молиме Бројаница?

Ве молам, изговорете го секој збор чисто и јасно, не ги искривувајте зборовите. Немојте да ги искривувате зборовите. Не започнувајте пред молителот да ја заврши својата реченица, односно, пред да завршат оние кои одговараат, ако вие сте молителот. Имајте на ум дека тие тогаш разговараат со Марија нашата Мајка, а не е учтиво да се зборува додека некој друг зборува. Кога се моли Бројаница заеднички, тогаш молат само двајца, молителот и оние кои одговараат. Секој ѝ зборува на Пресветата Мајка и внимателно ги слуша нејзините одговори во своето срце додека се фокусира на сликата пред себе, во размислувањата за таинствата кои се молат, на нивното толкување и применување во својот живот.

Што се случува кога молиме Бројаница?

Ширете ја ова моќна егзорцистичка молитва, Бројаницата, која го вклучува „Оче наш“ – прекрасна молитва кое се моли пет пати во текот на молењето пред секоја десетка од Бројаницата, подржана од моќните молитви на нашата Мајка која моли со нас, додека ние изговараме 53 Радувај се Маријо. Вечниот Бог, во објава на еден мој пријател, објаснил што се случува додека ние молиме Бројаница:

Додека вие молите – Света Маријо, Богородице, моли се за нас грешниците… Пресвета Дева Марија веднаш доаѓа кај вас да моли со вас. И, таа не доаѓа сама. Таа со себе ги носи ангелите. И тоа не еден или двајца, бидејќи таа е Царица на ангелите, па цели хорови на ангели доаѓат со Неа. А бидејќи таа и Исус се соединети во срцето и не можат да бидат разделени, таа го носи и Исус. А Исус не може да биде разделен од Пресветото Тројство, Тој со себе ги носи Отецот и Светиот Дух. А таму каде што е Пресветото Тројство, таму е целото создание, па вие сте опкружени со таква убавина и светлина, што тоа воопшто не можете да го замислите во овој живот.

„Дали е тоа, тогаш чудно што секој кој моли Бројаница од срце, е благословен и заштитен, моќен во својата молитва за другите?“

Вашата Мајка доаѓа како наша Пресвета Богородица од благодатта, со испружени раце. Зраците на светлината зрачат од нејзините раце, го прободуваат вашето тело, ве лекува исполнувајќи ве со милости. Тоа е нашето наследство кое се излеа од Исусовото Срце на крстот, во моментот кога војникот го прободе Неговото Срце со копје, во еден чист сад подготвена да прими такви милости во тој момент, вашата Мајка. Затоа, додека молите Бројаница, или само одговарате – Света Маријо – вие го примате својот дел од овие милости. Тој потоа, исто така,  рече: „Дали е тогаш е чудно што секој кој моли Бројаница од срце, така е благословен и заштитен, моќен во својата молитва за другите?“

Бук/к.мк/о.Ѓ.Појразов

Категорија: Вера, Духовност

За авторот