Монс. Јурковиќ: За правото на вода и за миграцијата

Монс. Јурковиќ: За правото на вода и за миграцијата

За на сите да им се загарантира снабдување со вода, глобалното управување со водите мора да ги разгледува двете големи појави во ова време: миграцијата и климатските промени.

Секое човечко битие има неотуѓиво право на вода и одговорност да не ја троши залудно – нагласи постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации и други меѓународни организации во Женева, надбискупот Иван Јурковиќ, зборувајќи на 39. седница на Советот за човекови права посветена на правото на вода и хигиенско санитарните услови.

Неопходна е праведна распределба и пристап до водните природни богатства, треба да се почитуваат не само како општествено и културно добро, туку и како економско добро, но кое нема предност пред човековото право на вода – истакна надбискупот  и потсети на енцикликата „Лаудато Си“ на папата Фрањо: „Итно ни се потребни заеднички проекти и конкретни гестови кои признаваат дека секое присвојување на природното богатство на вода, на шетата на човековото право за пристап до тоа природно богатство е неприфатливо.

Делегацијата која ја предводи надбискупот Јурковиќ ја дели загриженоста со специјалниот известувач за примената на човековите права за водата и хигиенско-санитарните услови во секој момент: пред, за време и после вонредните прилики, за време на развојните проекти и другите прилики кои можат да предизвикаат присилни преселувања. Па, мора да постои целокупен преглед на миграциските прашања во било кој облик на управувањето во водата, а исто така е потребно взаемно да се размислува за прашањата за управувањето со водите во било која рамка на управување со миграциите.

За на сите да им се загарантира снабдување со вода, глобалното управување со водите мора да ги разгледува двете големи појави во ова време: миграцијата и климатските промени – нагласи надбиксупот и рече: Мора да се препознаат предностите на миграцијата за развојот и нејзината цел за спасувањето на животи. Миграцијата сама по себе не може да го реши прашањето за достапнста до вода, но може да биде дел од решението.

На крајот надбискупот Јурковиќ потсети на апелот на папата Фрањо дека со најчувствителните прашања во нашето време како што се оние во врска со миграциските движења, климатските промени и правото на секој да ужива во основните добра се соочуваме со великодушната и далекусежна одговорност и во духот на соработката пред сѐ меѓу земјите кои најмногу можат да помогнат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот