Монс. Румен Станев хиротонисан за помошен бискуп на Софиско-Пловдивската бискупија

Монс. Румен Станев хиротонисан за помошен бискуп на Софиско-Пловдивската бискупија

На 17 јануари 2021 година во  Конкатедралната црква „Свети Јосиф “, во Софија, монс. Румен Станев беше хиротонисан за помошен бискуп на Софиско-Пловдивската бискупија и титуларен епископ на Симидика. Новопоставениот бискуп ќе се грижи за католиците од западен обред во Софија. Заедно со монс. Христо Пројков, епископ на епархијата Свети Иван XXIII во Софија, за католиците од источен обред во Бугарија, ќе ги одржува односите со Бугарската православна црква и другите религии во земјата, како и со бугарските граѓански власти.

Свеченоста ја предводеше монс. Георги Јовчев, а со него сослужуваа монс. Христо Пројков, монс. Киро Стојанов и Апостолскиот нунциј Н.Е. монс. Анселмо Гвидо Пекорари.

Монсињор Румен Станев е роден на 19 август 1973 година во Калојаново, Пловдивско. Теологија студира во Рим, каде дипломира на Папскиот универзитет Урбанијана. За свештеник е ракоположен 11 септември 1999 година во катедралата во Пловдив и бил именуван за парохиски викар во црквата „Пресвето Срце Исусово“ во Раковски. На 5 септември 2005 година бил назначен за парохиски свештеник на црквата „Свети Михаил Архангел “ во Раковски. Тој е претседател на Епархискиот Каритас, член на свештеничкиот совет на бискупијата и консултор.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот