Монс. Маренго: Папата е многу заинтересиран за Црквата во Монголија

Монс. Маренго: Папата е многу заинтересиран за Црквата во Монголија

Папата Фрањо го прими младиот епископ, Италијанецот монс. Џорџо Маренго, кој наскоро ќе се врати во Монголија откако Папата го именува за Апостолски префект.

Монсињор Маренго е роден во Куне, школувањето го започна во својот роден крај во покраината Пиемонт, а го завршува во Рим, веќе 17 години е активен во Монголија. Во април оваа година Папата го именува за Апостолски префект на Улан Батор, а на 8 август 2020 година е хиротонисан за бискуп.

Ако одредбите за пандемијата на коронавирусот дозволат, монс. Маренго во септември ќе се врати во таа земја за која е многу поврзан, а во која е пастир на мала католичка заедница, која е составена од мисионери и монаси, но и група монголски верници. На сите ќе им го пренесе поздравот на папата Фрањо со кој лично разговараше, воспоставувајќи посебен однос. Од сега неговата задача ќе биде бројните видици на пасторалната служба, кои се при срце на Папата, да ги оствари во својот народ, продолжувајќи да ткае мрежа од духовни, граѓански и културни врски.

Осврнувајќи се на средбата со Папата бискупот истакна дека Светиот Отец е многу заинтересиран за животот на Црквата во Монголија и општо за монголскиот народ. Знаеме дека на Папата му се при срце сите реалности на Црквата, а посебно таму каде што се малку – истакна бискупот Маренго и напомена дека преку личната средба се воспоставува склад токму на човечко и духовно ниво, а тоа е добро и за мене, но и општо за Црквата во Монголија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот