Монсињор Ладислав Немет е новиот Белградски надбискуп и митрополит

Монсињор Ладислав Немет е новиот Белградски надбискуп и митрополит

Папата Фрањо го именува монс. Ладислав Немет, зрењанински бискуп, за Белградски надбискуп и митрополит

Светиот Отец го прифати повлекувањето на монсињор Станислав Хочевар од управувањето со Белградската надбискупија и за нов надбискуп го именува зрењанинскиот епископ Ладислав Немет.

Според одлуката на папата Фрањо, од денот на именувањето на монсињор Ладислав Немет за надбискуп белградски, управувањето со Зрењанинската бискупија и понатаму е доверена на монсињор Немет, како апостолски администратор.

Монсињор Хочевар, поранешен Белградски надбискуп и митрополит, ќе раководи со белградската надбискупија како апостолски администратор до денот на устоличувањето на новоименуваниот надбискуп.

Монс. д-р. Ладислав (Ласло) Немет е роден во Оџаци во Република Србија на 7 септември 1956 година. На Друштвото на Божјото Слово – Вербите (СВД) се приклучил на 7 септември 1977 година.

На 23 април 2008 година, папата Бенедикт XVI го именува за бискуп на Зрењанинската бискупија. За бискуп е хиротонисан на 5 јули истата година во Зрењанинската катедрала.

На 5 ноември 2022 година, на споменот на светите маченици од Срем, папата Фрањо го именува за надбискуп и митрополит белградски. Зборува унгарски, српски, англиски, германски, полски, италијански и хрватски јазик.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот