Монсињор Дал Тозо: Христијанските заедници се повикани да бидат ‘острови на милосрдието’

Во Канцеларијата за печат при Светиот Престол на 27 јануари беше претставена пораката на папата Фрањо за овогодинашниот велигденски пост. На прес-конференцијата беа присутни монс. Џампиетро Дал Тозо, секретар на Папскиот совет ‘Кор Унум’, монс. Сегундо Техадо Муњоз, заменик секретар на истиот совет, Мајкл Рој, Генерален секретар на Меѓународниот Каритас, како и ватиканскиот портпарол отец Федерико Ломбарди.

Осврнувајќи се на повикот на Папата, содржан во пораката, да ги надминеме рамнодушноста и своите аспирации кон семожноста, и тоа живеејќи 40 дена кои водат до Воскресението како пат за обликувањето на срцата, монс. Дал Тозо го истакна значењето на Велигденскиот пост, напомнувајќи дека тоа е време на промена, обновување, со цел да би се надминала глобализацијата на рамнодушноста. Светиот Отец во својата порака предлага три нивоа каде треба да се надмине рамнодушноста, а тоа се: Црквата, заедницата и поединецот. На секој човек му е потребна промена како би го запознал Христос и да стане како Него – рече секретарот на Папскиот совет „Кор Унум’. Затоа Велигденскиот пост е време во кое треба да се оди понатаму, да се излезе од самите себе, да се живее верата гледајќи го Христа и во Христа да го пронајде Бог Отецот и браќата свои. Христијанските заедници се повикани да бидаат ‘острови на милосрдието’, каде што секој живее еден за друг – додаде монс. Дал Тозо и истакна дека Црквата, како живо тело на оние кои веруваат во Христос ќе се обнови; таа се менува, расте и се развива со цел како екстремитетите би ја преземале грижата едни за други; згора на тоа како би живееле благодарение едни на другите.

Што се однесува на тоа, Папскиот совет ‘Кор Унум’ секогаш бил инструмент за блискоста на Папата со оние кои се сметаат за последни. Како на пример, во случајот на Хаитите, кои во јануари 2010 година ги погоди силен земјотрес – рече монс. Дал Тозо и потсети на великодушната помош од страна на Католичката Црква за обновата. Или пак во хуманитарната криза на Блискиот Исток, а посебно во Сирија и во Ирак, каде најлошо поминуваат најслабите малцинства, како што е и христијанската, кои повторно станаа карти за играње со кој си играат моќните сили. Или во Азија, која неодамна Папата ја посети; на Филипините, на пример на погодените од тајфунот Јолнда, ‘Кор Унум’ изгради голем центар за помош на младите и старите лица.

Но, финансиските количини не се милосрдие – истакна монс. Сегундо Техадо Муњоз. Милосрдието е работата на волонтерите, работата на луѓето кои го даваат својот живот и тоа милосрдие не може да се процени. Тоа милосрдие е секој од нас, на кое Папата сериозно нѐ повикува преку обраќањето, во овогодишната порака за Велигденскиот пост. Институционалното милосрдие е само врвот од ледениот брег, односно на сето тоа што се работи, што се направило на Филипините и на другите делови од светот каде што се случува некоја несреќа и каде што нашата вера нѐ повикува да се ставиме на служба, да помогнеме и да бидеме со оние на кои им е потребна нашата помош – истакна заменик секретарот на советот ‘Кор Унум’.

Глобализацијата на рамнодушноста треба да се надмине слушајќи го повикот на оние кои страдат заради било кој облик на сиромаштијата, на исклученост и угнетувањето – рече Мајкл Рој, Генералниот секретар на Меѓународниот Каритас. Токму тоа го прави оваа институција, со своите 164 организации кои работат во 200 земји и територии. Станува збор за тоа дека глобализацијата на рамнодушноста треба да се спротивстави со глобализацијата на солидароноста – додаде Рој, потсетувајќи се на зборовите од пораката на Папата истакна дека сиромашните се дар за Црквата и за човештвото, затоа треба да им бидеме во близина, за да ја предизвикаме и оспориме превласта на парите. Денес тоа е многу важно, како што е важен и проблемот со уништивањето на животната средина, со искористувањето на богатството од сиромашните земји, со трговијата на луѓе, со трговијата на оружје и така натаму… – рече Генералниот секретар на Меѓународниот Каритас.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот