Монсињор Гинтарас Линас Грушас избран за нов претседател на Советот на европските епископски конференции

Монсињор Гинтарас Линас Грушас избран за нов претседател на Советот на европските епископски конференции

Во склоп на пленарното заседавање на Советот на европските епископски конференции во Рим избрано е ново претседателство. За претседател е избран надбискупот на Вилнус, монс. Гинтарас Линас Грушас претседател на Епископската конференција на Литванија.

Монс. Гинтарас Линас Грушас (60) ја презема службата од италијанскиот кардинал Анџело Бањаско кој претседателската служба ја извршуваше од 2016 до 2021 година. Избрани се и двајца нови потпретседатели: кардинал Жан-Клод Холерих надбискуп на Луксембург и епископот на Зрењанин монс. Ладислав Немет претседател на Меѓународната епископска конференција свети Кирил и Методиј.

Последниот ден од заседавањето, 26 септември започна со света Литургија и која ја предовеше новоибраниот претседател монс. Гинтарас Линас Грушас

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот