Момент на братство – сеќавање на посетата на папата Фрањо на Ирак

Момент на братство – сеќавање на посетата на папата Фрањо на Ирак

Три месеци по патувањето на Папата во таа блискоисточна земја, политичарите и верските водачи се осврнаа на вебинар за значањето на плодовите од таа посета и проектите на соработка помеѓу христијаните и муслиманите.

„Сите сме браќа и покрај разликите; треба да ја почитуваме различноста и да се соединиме за да изградиме подобро општество.“ Меѓу остатоците од војните и братоубиствените борб, и тешкотиите предизвикани од пандемијата од коронавирусот, одекна во Ирак и по три месеци и понатаму силно одекнува пораката која папата Фрањо ја донесе во текот на својата посета на таа земја од 5 до 8 март оваа година.

На вебинарот кој со наслов „Момент на човечко братство: Влијанието на историската посета на папата Фрањо на Ирак“ го организираше Високиот одбор за човечко братство (HCHF), и кој е одржан на 3 јуни предавачите тоа патување едногласно го нарекоа „историско“. Меѓу нив беа кардиналите Луис Рахаел Сако, халдејски католички патријарх и Мигуел Ангел Аусо Гиксот претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог. Двајцата беа со Папата во текот на неговото ходочастие во таа блискоисточна земја.

Во виртуелниот дијалог покрај двајцата кардинали учествуваа политички и верски водачи од Блискиот Исток меѓу кои министерот на култура на Ирак Хасан Надхем, министерката за култура и млади на Обединетите Арапски Емирати Ноура Ал Каби, заменик генералната директорка на УНЕСКО Ернесто Отоне Рамирез и имамот на џамијата Абу Ханифа во Багдад шеик Абдел-вахаб Таха Ал-Самераи.

Сите учесници изразија лично гледање за хуманитарната и најмногу меѓурелигиската природа на првото патување на еден папа во Ирак, истакнувајќи ја важноста за целиот Блиски Исток и за општото човечко братство. Освен тоа заеднички размислуваа за следните чекори во обновата на земјата започнувајќи од општественото ткиво, па до инфраструктурата и во подрачјето на културата со нејзиниот голем потенцијал за промовирањето на стабилизацијата, помирувањето и надежта за подобра иднина. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот