Молитвено – пешачење за правата на децата

Молитвено – пешачење за правата на децата

Во сабота на 02 jуни 2018 година, по иницијатива на децата и младите од парохијата „Свети пророк Илија„ од Радово, беше одржано пешачење до црквата „Свети великомаченик Ѓорѓи“ во Чанаклија под мотото „Секое дете заслужува да биде ученик“. На ова молитвено – пешачење учество зедоа свештеници и младите од Радово, Петралинци, Струмица, Нова Маала и Чанаклија.

Пешачењето започна со молелење на една десетка од светата Бројаница пред „Милениумскиот крст“ кој е поставен во парохискиот двор во Радово. Во текот на пешачењето направени се кратки паузи, кои беа искористени за молење на десетки од Светата Бројаница. Завршната десетка, заедно со молебенот во чест на Пресвета Богородица, кој го предводеше од о. д-р. Зоран И Стојанов беа измолени во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Чанаклија.

После краткото освежување учесниците се вратија во своите парохии.

к.мк/o. Илија Стојанов

Категорија: Вести, Македонија

За авторот