Молитвено бдение за духовни звања во Свети Иван Крстиел – Струмица

Во попладневните часови во неделата 29 јуни 2014 година во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица се одржа молитвено бдение за духовни звања, кое беше насловено со цитат од Светото Писмо: „Дојди и врви по мене“.

Молитвеното бдение го подготвија младите од парохијата, а во него без вклучени разни возрасни групи. Дел од Светата Бројаница молеа децата кои посетуваат веронаука, млади од парохијата читаа делови од медитацијата за духовни звања, други млади пак со своето пеење го збогатија молитвеното бдение. Возрасни, брачни парови и чесна сестра се вклучија во молитвата на верните.

Молитвеното бдение заврши со благослов со светото Причастие.

к.мк/го*ко

1909_1

Категорија: Македонија

За авторот