Молитвена накана на папата Фрањо за месец август

Молитвена накана на папата Фрањо за месец август

Молитвената накана на папата Фрањо за месец август е посветена на морнарите и рибарите и оние кои живеат од морето.

Во вторник 4 август 2020 година е објавена видео пораката која ја пренесува молитвената накана на папата Фрањо за месец август. Папата повикува на молитва за оние кои работат и живеат од морето, меѓу кои се морнарите, рибарите и нивните семејства.

„Животот на морнарите или рибарите и нивните семејства е многу тежок“ – истакнува папата Фрањо во видео пораката на својот мајчин шпански јазик. „понекогаш се жртви на принудна работа или се оставени во оддалечени пристаништа“. Конкуренцијата на индустрискиот риболов и проблемот со нечистотијата ја прават нивната работа уште посложена“. Меѓутоа Папата признава дека „без нив би гладувале многу делови од светот“.

Да се помолиме за сите оние кои работата на море или живеат од морето, вклучувајќи ги морнарите, рибарите и нивните семејства“ – повикува папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот