Молитвена накана на папата Фрањо за месец мај

Ватикан, 6.5.2013 /к.мк/ – Го паметиме изборот на папата Фрањо и неговото прво појавување пред светот. Она што ги изненади сите е неговиот повик до присутните и сите кои во тој момент го следеа преку телевизија заедно да се молат за него. Папата во своите средби со верниците постојано ги поттикнува на молитва, која е потврда за нашата трајна врска со Бог и нашето надевање на Божјото светло и водство. Тоа го прави и за време на секојдневните свети Литургии, давајќи дури и посебни накани, како што произлегуваат од дневните читања.

Од таква духовност израсна и апостолатот на молитва која Светиот Отец секоја година го предлага, а Папата за секој месец во годината ги потврдува и општите накани за мисионерството. Така за месец мај Светиот Отец сака нашите молитви да ги концентрираме на оние кои делат правда, тоа да го правата чесно и со чиста совест. Тоа е многу потребно, докази имаме од сите страни од светот, па и на нашите простори. Станува збор за тоа судиите и адвокатите се водат според фактите и вистината и да бидат во служба на вистината. Единствено вистината не ослободува, вели Исус.

За мисионерските подрачја Папата повика да се молиме за воспитувањето во семинариите, за да можат кандидатите за свештеници да се подготват да бидат свештеници според Христовото срце. Поради тоа е потребно да ги следиме со нашите молитви и да го прифатат чувството на Христовото срце и да се жртвуваат за спасителната вистина на Евангелието да се навести онаму каде што ќе бидат пратени. Тоа не е лесно, и потребно е духовно и интелектуално созревање на секој кандидат посебно и на сите заедно. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<