Молитвена накана на папата Фрањо за месец јуни

Молитвена накана на папата Фрањо за месец јуни

Во видео пораката со молитвената накана за месец јуни, Папата ги пoвикува верниците да се молат социјалните мрежи да не ја обезвреднат нашата личност, туку да поддржат солидарност и почит кон другиот во неговата различност.

Молитвената накана за месец јуни папата Фрањо ја посвети на социјалните мрежи и интернетот. Тој ја објави по пат на видео порака на шпански јазик која е преведена на седум јазици, а ја реализира Папската светска молитвена мрежа.

Интернетот – дар Божји и голема одговорност

По насловот кој гласи „За социјалните мрежи да поддржуваат солидарност и почит кон другиот во неговата различност“, Папата потсети на пораката за Светскиот ден на средствата за социјална комуникација за 2016 година и истакна дека интернетот е дар Божји, но и голема одговорност, а потоа објасни дека комуникацијата, нејзините места и средствата на многу луѓе им ги проширија хоризонтите.

Дигиталната мрежа треба да биде место на човечност, а не на отуѓување

Затоа Папата повика како што веќе тоа го направи по повод Светскиот ден на средства за социјална комуникација за 2014 година, да се искористат можностите за средба и солидарност кои ни ги нудат социјалните мрежи. Заради тоа повторно изрази желба, дигиталната мрежа да не биде место на отуѓување. Нека таа биде конкретно место, место богато со човечност – повторно напомена папата Фрањо, како што тоа го направи во 2016 година.

Да се поддржи почитување на другиот во неговата различност

Да се молиме заедно за социјалните мрежи да не ја обезвреднуваат нашата личност, туку да ја поддржуваат солидарноста и почитта кон другиот во неговата различност – поттикна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот