Молитвена накана на Папата за септември: За младите Африканци

Молитвена накана на Папата за септември: За младите Африканци

Африка е богат континент, а најголемо богатство се најзините млади.

Африка е богат континент, а најголемо и највредно богатство се најзините млади – истакна папата Фрањо во видео пораката која ја испрати по пат на „Својата молитвена мрежа“ по повод објавувањето на молитвената накана за месец септември која гласи: Да се инвестира во образованието на младите Африканци кои се најголемото богатство на континентот.

Младите имаат право на образование – нагласи Папата и предупреди: Тие мора да имаат можност да избираат помеѓу препуштањето да ги преовладат тешкотиите и да ги преобразат тешкотиите во можности. Потребно е да се инвестира во нивното образование за да се загарантира иднината на Африка, и да се создааат на тој начин работни места во нивните земји.

Според статистиката на Меѓународната органзација на труд за 2017 година во субсахарска Африка 12, 9% од малдите Африканци на возраст од 15 до 24 години се невработени. УНЕСКО, Организација за образование, наука и култура на Обединетите нации проценила дека минатата година речиси 60% од младите Африканци на возраст помеѓу 15 и 17 години не посетувале училиште.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот