Молитвена накана за јули: За свештениците и за нивната служба

Молитвена накана за јули: За свештениците и за нивната служба

Свештениците кои доживуваат замор и осаменост во своето пасторално делување, да најдат помош и утеха во својата близина со Господ и во пријателството со своите браќа свештеници – е молитвената накана на Папата за месец јули.

Папата Фрањо во молитвената накана за месец јули нѐ повикува да се молиме за свештениците и за нивната пасторална служба. Заморот на свештениците… Знаете ли колку често размислувам за тоа? – рече Папата во пригодната видео порака и додаде: Свештениците со своите доблести и мани работат во многу различни подрачја.

Соочени со толку отворени фронтови, свештениците не запираат после разочарувањето – вели Светиот Отец напоменувајќи дека во тие моменти за нив е добро да се присетат дека луѓето ги љубат своите пастири, дека им се потребни и и имаат доверба во нив. Да се молиме заедно за свештениците кои доживуваат замор и осаменост во своето пасторално делување, да најдат помош и утеха во својот близок однос со Господ и во пријателството со своите браќа свештеници – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот