Молитвена накана за октомври: За мисијата на богопосветените

Молитвена накана за октомври: За мисијата на богопосветените

Нека богопосветените бидат меѓу оние кои во денешното општество немаат глас. Таа е пораката на папата Фрањо во видео за молитвата накана за месец октомври.

„Со својата молитва, сиромаштво и трпеливост, богопосветениете се од суштествено значање за мисијата на Црквата.“ Тоа го истакна папата Фрањо во својата кратка видео порака за молитвената накана за месец октомври, објавена од Светската Папска молитвена мрежа, која овој месец е посветена на мисијата на богопосветените.

Посветување за Евангелието

Во видеото Папата ги спомнува предизвиците на денешниот свет на кои богопосветените се повикани да одговорат. „Повеќе од било кога имаме потреба – вели Папата – од нивното целосно посветување за навестување на Евангелието.“

Глас на оние кои немаат глас во општеството

„Да не доволиме да ни го украдат мисионерскиот ентузијазам и да се молиме богопосветените мажи и жени да го оживеат својот мисионерски пламен и да бидат присутни меѓу сиромашните, маргинализираните и до оние кои немаат глас во општеството,“ е повикот на Папата за молитва до сите верници.

Според отец Фредерик Фронос директор на Светската папска молитвена мрежа, работата на богосповетените во здравствената и образовната област е огромна и непроценлива.„ Молитвата на целата Црква за нив е од голема помош“- додаде свештеникот.

Според податоците од Папскиот статистички годишник за 2017 година, во светот има 188 229 богопосветени мажи, додека богопосветени жени се 670 320. Според специфичноста на нивната харизма, богопосветените на посебен начин ги живеат трите добродетели, наречени „евангелски совети“: сиромаштво, чистота и послушност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот