Молитвена „Минута за мир“ на Блискиот Исток

Оваа недела, 8 јуни на празникот Педесетница во Ватикан папата Фрањо ќе се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас и израелскиот претседател Шимон Перес. Како и што предложи Светиот Отец за време на неговото патување во Светата Земја, заедно ќе молат за мир на Блискиот Исток.

По тој повод Комисијата „Правда и мир“ (Iustitia et Pax) на аргентинската епископска конференција, Католичка акција и Светската унија на католичките женски организации ја организираат иницијативата „Минута за мир“, пренесува полската католичка информативна агенција КАИ.

Каде и да се наоѓате оваа недела 8 јуни во 13.00 часот застанете, наведнете ја главата и помолете се во согласност во вашата верска традиција, повикуваат од организаторите на иницијативата, која се обраќа на сите верници од сите вероисповеди.

Италијанската епископска конференција препорача во молитвата на верните за време на евхаристиското славење на Педесетница да се вклучи и молитвена накана за „мир на Блискиот Исток и плодни резултати од молитвената средба во Ватикан“.

Битно нет/го*ко

Категорија: Свет

За авторот