Молитвена иницијатива „Милион деца молат Бројаница“

Молитвена иницијатива „Милион деца молат Бројаница“

Македонија се приклучува на меѓународната молитвена иницијатива „Милион деца молат за мир“.

Со благослов на Н.В.П. монс. Киро Стојанов, во понеделник 18 октомври 2021 година во 18.00 часот пред статуата на Богородица во дворот на црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица преку молење на Света Бројница со деца Католичките парохии во Македонија се приклучуваат во оваа меѓународната молитвена иницијатива насловена „Милион деца молат за мир“. Молитвата ќе се одвива  според здравствените протоколи, а ќе се пренесува и преку брановите на радио Марија, како и на интернет страницата www.radiomarija.mk.

Свети Падре Пио еднаш кажал: „Кога милион деца заедно ќе молат Бројаница, светот ќе се промени!“ Во ова промена треба да веруваме и денес, а силен поттик за тоа ни нуди Папската фондација „Помош на Црквата во неволја“ преку молитвената кампања „Милион деца молат Бројаница.“

Кампањата за Бројаница со деца е започната во 2005 година во Караказ – главниот град на Венецуела. Додека неколку деца молеле Бројаница во светилиштето покрај улицата, некои од присутните луѓе се потсетиле токму на зборовите на свети Падре Пио и молитвената акција брзо се раширила по целиот свет. Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“ (Aid to the Church in Need – ACN; Kirche in Not) ја поддржува од 2008 година, а организацијата на светската кампања ја преземаа пред три години. Ова година „детскиот молитвен маратон“ односно „Милион деца молат Бројаница“ ќе се одржи на 18 октомври.

Главната цел на ова молитвена иницијатива е да се покаже дека детската молитва со доверба може да лета како стрела директно во срцето Божјо и затоа има толку голема моќ. Заедничката детска молитва Бројаница во светот донесува многу милости и голем благослов за семејството и Црквата.

Доверувајќи се на моќта на детската молитва се присетуваме на Исусовите зборови: „Вистина ви велам, ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно“ (Матеј 18, 3)

Во текот на тие години од зачетокот на иницијативата стотина илјади деца се придружуваат, а во ACN имаат примено бројни трогателни сведоштва од целиот свет. Тие не зборуваат само за радоста и ревноста на децата, туку и за тоа како возрасните кои молеле со нив и самите биле трогнати од милоста и започнале да даваат на Бројаницата постојано место во нивните животи.

Ако Падре Пио силно верувал во тоа – што нас денес нѐ спречува детски искрено да посредуваме во истото и да го поддржиме?!

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот