Молитвена и еколошка средба на Паљурци

Молитвена и еколошка средба на Паљурци

Во сабота 26 март 2022 година во рамките на Синодалниот όд 2021-2023 групата по Екологија одржа трета по ред молитвена и еколошка средба која се одржа на светилиштето на „Мајка Божја Утешителка – Паљурска“ во Паљурци.

На средбата учество зедоа верници од Катедрала Успение на Пресвета Богородица – Струмица, Свети Иван Крстител – Струмица, Свети Кирил и Методиј – Петралинци, Свети Пророк Илија – Радово и Свети Кирил и Методиј Богданци. По патот кон светилиштето учесниците молеа света Бројаница. По пристигнување на светилиштето се чистеше околу капелата и манастирски двор.

Во молитвениот дел од средбата, о. Ристо Самрџиски го предводеше Молебенот до Пресвета Богородица истиот го предводеше о. Ристо Самарџиски, а проповед одржа о. Ѓорге Појразов, парох во Петралинци, кој зборуваше на тема:„Како да се одржи чиста христијанската душа“?

На крајот следуваше заедничко дружење во манастирскиот двор.

к.мк

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот