Молитвена иницијатива: Богородица во мојот дом

Молитвена иницијатива: Богородица во мојот дом

На 1 Октомври 2019 година, во месецот посветен на Пресвета Богородица и Светата Бројаница во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ – Струмица започна иницијативата „Богородица во мојот дом“.

Во овој вонреден мисионерски месец иконата на Пресвета Богородица која е од левата страна на влезот од Црквата (на целивалната) ќе биде можно да престојува една вечер во домот на верниците кои ќе изразат подготвеност за тоа и во таа прилика се моли света Бројаница во кругот на своето семејство, а во присуство на еден од свештениците. Утредента иконата се враќа во Црквата, за да може да ја земе некое друго семејство и да се присуствува на света Литургија.

Оваа молитвена иницијатива е во рамки на вонредниот мисионерски месец за целата Црква, која го носи мотото: Крстени и пратени“, а а прогласен од папата Фрањо со цел во Црквата уште повеќе да се разбуди свеста за мисиите и со нов полет да започне мисионерската преобразба на животот и пасторалот во Црквата. Желбата на Папата е да се организираат настани во парохиските заедници за време на овој Вонреден мисиски месец.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот