Молитва на папата Фрањо за семејствата

На крајот од светата Литургија, пред молитвата Ангел Господов, папата Фрањо пред иконата на Светото Семејство молеше за сите семејства:

 

Исусе, Маријо и Јосифе, Свето Назаретско Семејство,

со воодушевување и доверба

кон тебе го упатуваме погледот;

Во вас ја гледаме убавината на заедништвото

и вистинската љубов;

на вас ви ги доверуваме сите семејства,

за да во нив се обнови чудото на благодатта.

 

Свето Назаретско Семејство, примамливо училиште на Евангелието,

научи нѐ да ги имаме твоите крепости,

со мудра духовна стега подари ни бистар поглед

за да можеме во секоја животна ситуација

да го препознаме делото на Провидноста.

 

Свето Назаретско Семејство, верна пазителка на таинството на спасението, препороди ја во нас вредноста на тишината,

дај нашите семејства станат место за молитва

и претвори ги во мали домашни Цркви;

обнови ја желбата за светост,

подржи го благородниот труд во работата, воспитувањето,

слушањето, взаемно разбирање и простување.

 

Свето Назаретско Семејство, разбуди ја во нашето општество

свеста за светоста и неповредливоста на семејствата,

непроценливо и незаменливо добро.

Направи секое семејство да биде гостољубив дом

на добрината и мир за децата и старите лица,

за болните и осамените,

за сиромашните и оние во потреба.

Исусе, Маријо и Јосифе, со доверба се упатуваме на вас, на вас со радост ви се доверуваме.

Извор: РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот