Молитва на папата Фрањо за жртвите во Равануса на Сицилија

Молитва на папата Фрањо за жртвите во Равануса на Сицилија

Во телеграмата се изразува страдањето и близината на папата Фрањо со тагата на сите жители на Равануса, место недалеку од Агриџенто, Сицилија, каде во сабота 11 декември 2021 година, се урнаа неколку згради во експлозија поради истекување на гас. Потврдени се седум жртви, а потрагата по исчезнатите продолжува.

Папата Фрањо се моли за жртвите и во своето срце ги носи сите страдања на семејствата скршени од тага поради разорната експлозија и драматичното рушење на зградите во Равануса, мало сицилијанско гратче во близина на Агриџенто. Тој го изрази ова во телеграма, потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, упатена до монс. Алесандро Дамијан, надбискуп од Агриџенто, молејќи го да ги пренесе изразите на неговата искрена близина.

Светиот Отец изрази благодарност до оние кои сѐ уште трагаат под урнатини – во спасувањето се вклучени 180 пожарникари – како и за вонредното собирање помош што го организира бискупијата за 19 декември. Иницијативата носи наслов „Заедно за Равануса“, а нејзината цел е да биде конкретен знак на близина. Сите, преку застапништвото на Марија да добијат утеха – е молитвата на папата Фрањо.

Во меѓувреме, во реонот на експлозијата сѐ уште се трага по две лица, татко и син на 33 и 59 години. Тие биле заедно во таа саботна вечер кога, прво силна експлозија, а потоа пожар, одеднаш го фрли тоа мало сицилијанско место во вознемиреност, предизвикувајќи уништување како од силен земјотрес.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот