Молитва на Папата за жртвите во САД

Молитва на Папата за жртвите во САД

По молитвата Ангел Господов на 4 август 2019 година папата Фрањо изрази сочуство за невините жртви од крвопролевањето во САД: во Ел Пасо, Охајо и Калифорнија.

Во мислите сум со жртвите од насилството кое овие денови го закрвави Тексас, Калифорнија и Охајо, во САД, од кои се погодени невини лица. Ве повикувам да се придружите на мојата молитва за оние кои ги изгубија животите, за ранетите и за нивните семејства – рече папата Фрањо после молитвата Ангел Господов, изразувајќи сочувство по повод неколкуте драматични пукотници во кои минатите денови се случија во САД, и ги поттикна пристуните заедно со него да измолат Радувај се Маријо.

Освен тоа папата Фрањо се спомна и на 160 годишнината од смртта на Аршкиот парох, кој е пример за добрина и љубов за сите свештеници. По тој повод до свештениците од целиот свет упатив писмо, како би ги охрабрил во верноста на посланието на кое Господ ги повикал. Нека сведоштвото на понизниот парох, потполно посветен на својот народ, ни помогне повторно да ја откриеме убавината и важноста на министријалното свештенство во современото општество – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот