Молитва за прогонетите христијани во Твитер пораката на Папата

Папата Фрањо објави нова Твитер порака на својот профил @Pontifex, која гласи: „Господи, испрати го Светиот Дух врз прогонетите христијани за да им даде утеха и сила“.

Светиот Отец повторно проговори за прогонствата врз христијаните кои и денес се случуваат во светот. Пораката има хаштаг #free2pray, односно „слободни за молитва“, а тоа е мотото на молитвената кампањата која ја поттикна Италијанската епископска конференција. Се проценува дека 150 милиони христијани се изложени на насилство и дискриминација.

Во средата на Генералната аудиенција папата Фрањо ја спомна молитвената иницијатива на Италијанската епископска конференција, имено во сабота навечер во пресрет на празникот Духовден да се моли за прогонетите христијани. Папата поттикна да се споманат сите кои се прогонети или убиени само затоа што се христијани. Тие се маченици! – истакна Светиот Отец и изрази надеж дека тој момент на молитва ќе ја зајакне свеста за тоа дека верската слобода е неотуѓиво човеково право, да се зголеми чувствителноста за драмата на христијаните кои се прогонети во ова наше време и дека тоа неприфатливо злосторство ќе биде прекинато.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот