Молитва за мир по повод 500 години од раѓањето на Света Тереза

На почетокот од светат Литургија на 26 март во капелата на домот Света Марта, Папата потсети на часот на молитва за мир, кој ќе се одржи по повод 500 годишнина од раѓањето на света Тереза од Исус.

„Драги браќа и сестри, задутре, 28 март, ќе се обележат 5 века од раѓањето на света Тереза од Исус, девица и црковна научителка. По молба од отецот генерал на босоногите кармелитанки, кој денес е присутен со отецот викар, на тој ден, во сите кармелитански заедници во светот, ќе се одржи час на молитва за мир. Во срцето се соединувам со таа иницијатива, за да пламенот на Божјата љубов го надвладее огнот на војната и насилството, од кои се погоедни човештвото, и дијалогот да ги навладее вооружените судири. Света Терез од Исус, застапувај се во оваа наша молитва.“

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот