Молитвата пред спиење e совршена можност да се пренесе на децата верата

Како родители ние сакаме да ја искористиме секоја прилика за да го втиснеме печатот на верата на скапоцените души на нашите деца. Времето пред спиење е совршена можност за тоа.

Времето пред спиење може да биде полно со предизвици за семејство со мали деца. Барем е така во нашето семејство. Еден од предизвиците доаѓа од детската перцепција дека за нив времето за спиење е еден облик на разделба од радоста и воздудата во ова голема авантура која се нарекува живот. Еднаш кога децата ќе ги натераме да облечат пижами, да ги измијат забите и лицето, можеме полека да се впуштиме во нашиот мал вечерен обичај. Ако имаме мирна и опуштена подготовка за спиење тоа на нашите деца им помага да се соочат во мир со времето за спиење и сè да помине со што помалку нервоза и немири.

Времето за спиење исто така ги присилува вработените и зафатени родители да се прегранат со своите најмали. Во својот дел „Помош за родителите католици“ отец Брет Бранен пишува: „Стручњаците се согласуваат дека во последните десет минути пред спиење е време кога децата се најотворени за формација.“

Како родители ние сакаме да ја искористиме секоја прилика во која можеме да го втиснеме печатот на верата на скапоцените души на нашите деца. Времето пред спиење е совршена можност за тоа.

1. Вечерна молитва

Вечерната молитва е совршен начин да се заокружи денот. Знам дека многу католички семејства молат Бројаница веднаш по вечерата така што децата (и возрасните) не се премногу уморни да продолжат да молат.

Сепак во нашето семејство ние обично молиме Бројаница пред спиење. Тоа е така затоа што Бројаницата има ефект на опуштање на нашите деца и им помага да се смират по напорниот ден.

Останатите вечерни побожности можат да вклучуваат испит на совеста, чин на покајание, исечок од часосоловот и молитва до ангелот чувар.

Како што спомнав во претходниот текст многу е важно да се избере вечерна молитва која добро се вклопува во вашата семејна динамика.

2. Пет благослови и доживувања на денот

Пред заминување на спиење ги прашуваме децата да ни наведат пет благослови за кои тие најмногу се благодарни во тој ден.

Сакам да ги слушам своите деца во текот на тоа излагање, бидејќи тоа ме потсетува на толку многу мали благослови кои секојдневно ги земам здраво за готово.

Оваа е исто така единствена можност да ги прашаме своите деца дали нешто посебно ги развеселило или растажило во текот на тој ден.

Кога тоа ќе го направиме нашите деца ќе запамтат како сме ги слушале и ќе ги чуват спомените еднаш кога ќе пораснат и кога ќе имат свои семејства.

3. Стол за ангелот чувар

Ако на децата им е тешко да останат сами во собата родителите можат да им стават стол покрај нивниот кревет за да ги потсетува дека со нив во собата е нивниот ангел чувар кој ќе ги чува цела ноќ.

Ние во нашиот дом едноставно ставаме уште една перница на другиот крај на кревотот и така ги потсетуваме дека ангелот чувар е веднаш до нив и дека ги сака, пази и чува во секој момент.

4. Благословот на таткото

Кога сите ќе замолчат во креветите мојот маж тогаш доаѓа во собата зема малку благословена вода и на секое дете му прави знак на крст на челото. Додека тоа го прави тој им кажува: Добра ноќ, Бог нека те благослови, те сакам.“

Тоа е можност за прегратка за добра ноќ и за било каков вид на разговор кој им е потребен со нивниот татко. Благословот на таткото е службено и крај на активностите во нашиот дом.

Кога тато ќе ги благослови децата остануваат во кревет сѐ додека не потонат во сон.

5. Свети слики

Светите икони во секоја детска соба многу помагаат во текот на молитвата пред спиење. Како што вели отец Бранен децата се склони да ги поврзуваат светите икони со удобноста и сигурноста. Крстот може да се закачи над секоја врата.

Некои семејства можеби имаат статуа на ангел чувар или можеби Богородична статуа кој свети цела ноќ. Нашето семејство сака да користи свеќи со иконите, но од сигурност ние користиме само стаклени свеќи кои работат на принцип на батерија.

Во текот на бура и невреме прво што правиме е ги „палиме“ нашите свеќи со Пресветото Срце Исусово како прекрасен потсетник на нашите деца дека Исус е Светлина на светот!

Добра ноќ свету!

Овие едноставни но длабоки навики навистина помагаат на нашите деца мирно да преминат од бурниот ден во тивкиот и безгрижен сон. Наместо на ова да гледам како на предизвик научив во оваа да гледам прекрасна можност на нашите деца да им ја пренесам верата. Заминувањето на спиење е време кога тие можат да го поврзат со нашата прекрасна вера со чувство на пријатност, опуштеност, сигурност и мир.

Т.С./Битно нет/к.мк/Д.И.

Abby Sasscer/www.setonmagazine.com

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот