Молитвата на Папата со припадниците на Обнова во Духот

Папата Фрањо на средбата со припадниците на Обновата во Светиот Дух на плоштадот Свети Петар, непосредно пред почетокот ја молеше следната молитва:

Папата Фрањо на вчерашната средба со припадниците на Обновата во Светиот Дух на плоштадот Свети Петар, непосредно пред почетокот молеше спонтаната молитва која ја пренесуваме во целост:

Ти се поклонуваме семоќен Боже, Оче, Сине и Свет Дух… Оче испрати ни го Светиот Дух Кој Исус ни Го вети. Он ќе нè води кон единство. Он е Тој Кој дава харизми; кои на Црквата и дава разновидност и Он е Тој Кој твори единство. Испрати ни го Светиот Дух за да нè поучи во сето она што Исус нè учеше и нека нè потсетува на она што Исус ни говореше.

Исус Господи Ти за сите нас си молел за милоста на единството во ова Црква која е твоја: не е наша. Историјата нè поделила, Исусе помогни ни да чекориме кон патот на единството или патот на помирување на различностите. Господи Ти секогаш го правиш она што си го ветил, подели ни единство на сите христијани. Амин.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот