Молете за вашиот свештеник

Сетете се само колку пати сте се пожалиле за вашиот парох, капелан или било кој друг свештеник или монах и колку пати сте слушнале забелешки за неговото однесување, неговиот повик, светоста, проповедите, за начинот на кој ја служи светата Литургија, за неговите катехези, неговиот пристап кон луѓето и така натаму. Дали некогаш сте се сетиле наместо да приговарате да се помолите за вашиот свештеник? Помолете се едно Радувај се Маријо за негово посветување? Или можеби секој ден редовно молете за него?

Имајте секогаш на ум дека свештеникот е избран од народот и за народот и наша должност е да молиме за него.

Па, ако одлучивте да го „посвоите“ вашиот парох во молитвата, еве ви неколку молитви кои можат да ви ја олеснат работата:

Молитва за свештениците

Семоќни, Вечни Боже, сврти го својот поглед кон лицето на Својот Син и за Неговата љубов, Вечниот Велик свештеник, сожали се на своите свештеници.

Сети се Боже дека тие не се ништо друго туку слабо и кршливо човечко битие. Поттикни ја во нив благодата на нивниот повик зацврстена со полагање на рацете на епископот.

Чувај ги до себе, непријателот да не ги преземе, па никогаш да не направи нешто што не е достојно за неговиот возишен повик.

О Исусе, те молам и за Твоите верни и ревносни свештеници;

за Твоите неверни и млаки свештеници; з

за Твоите свештеници кои тешко работат дома или во странство, во далечни мисии,

за Твоите свештеници изложени на искушенија;

за твоите осамени свештеници;

за Твоите млади свештеници; за Твоите покојни свештеници, за душите на Твоите свештеници во чистилиштето.

Меѓутоа, пред се, Ти ги препорачувам моите најдраги свештеници,

свештеникот кој ме крсти;

свештеникот кои ме разрешува од моите гревови;

за свештениците на чии Литургии служев како министрант и кои ми го даваат Твоето тело и Твојата крв во Светата Причест.

Свештениците кои ме поучуваа и упатуваа или кои ми помагаат и охрабруваат;

за сите свештеници на кои сум им должник на некој друг начин.

О Исусе, сите чувај ги до Твоето срце и обдари ги со обилни благослови, во ова време и во вечноста.

Амин.

Молитва до Пресвета Богородица за свештениците

Моли за свештениците твоите посебни синови.

Зацврсти им ја верата и љубовта кон Исус во Пресветиот Олтарска Тајна, за да можат да му се обратат за благодати кои им се потребни, за верно да го живеат својот повик. Донеси им олеснување, утеха и храброст, на оние кои трпат под тешкиот крст. Подај им ја љубовта на твојот Син и ревност за Божјата слава и за спасение на душата. Амин.

Преземено од Битно нет

Превод: Д.И.

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<