Молебен до Пресвета Богородица за семејствата од парохијата Свети Иван Крстител – Струмица

На 1 мај 2014 во парохијата Свети Иван Крстиел – Струмица започна Мајската побожност со молење на Молебен во чест на Пресвета Богородица. Во оваа пасторална „Година на семејството“ во парохијата Мајската побожност е организирана на тој начин што секој ден за време на Молебенот ќе се моли, покрај општите накани на Црквата и за наканите на претходно одредените семејства од парохијата.

Мајската побожност во парохијата ќе заврши со Света Литургија на крајот од месецот, која ќе се служи за семејствата од парохијата.

Месец мај Црквата го посветува на Пресвета Богородица, како израз на преданост и почит кон Мајката на нашиот Господ и Спасител. Самиот Исус од Крстот ни ја даде да биде и наша Мајка. Таа е Мајка која не ги одбива нашите молитви, бидејќи во нас таа гледа свои деца.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот