Мозамбик со нетрпение го очекува папата Фрањо

Мозамбик со нетрпение го очекува папата Фрањо

Мозамбик се подоготвува да го пречека папата Фрањо кој на 4 септември ќе пристигне во Мапуто и ќе остане до 6 септември

Остануваат уште 10 дена до апостолското патување на папата Фрањо во Мозабик, кој ќе го посети од 4 до 6 септември, во рамки на апостолската посета во Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус. По пристигнувањето на аеродромот во Мапуто и свеченоста за добредојде, програмата за 5 септември предвидува неколку настани. Папата најпрво ќе појде во куртоазна посета на претседателот на Мозамбик, Филипе Нуси и ќе се сретне со претставниците на властите, граѓанското општество и дипломатскиот кор. После тоа е предвидена меѓурелигиска средба со млади, како и средба со епископите, свештениците и монашките заедници во катедралата Безгрешно зачнување во Мапуто. Во петок, 6 септември, на програмата е посета на болницата во Зимпета, населба на периферијата од Мапуто, а после тоа со авион Светиот Отец ќе замине за Мадагаскар.

Граѓанската војна и мировниот договор потпишан 1992 година во Рим

После прогласувањето на наезависност од Португалија во 1975 година, во Мозамбик започна граѓанска војна која траеше повеќе од 15 години, во која животот го загубија стотици илјади луѓе, а 4 милиони побегнаа или биле протерани. Бунтовничката група РЕНАМО, односно Мозамбиски национален отпор, во 1992 година стана политичка партија, и на 4 октомври истата година тогашниот мозамбиски претседател Јоаким Кисано, и тогашниот водач на РЕНАМО Алфонсо Длакама, во Рим го потпишаа историскиот мировен договор, со кој заврши 17 годишната војна. Договорот беше резултат на долг преговарачки процес кој го водеше заедницата Свети Егидиј.

Прекин на мирот и договор за помирување

Помеѓу 2013 и 2016 година мирот во Мозамбик го прекинаа воорушените судири помеѓу војската и борците на РЕНАМО. Посебен е периодот после изборите во 2014 година, кои беа одбеежани со голема напнатост и насилство. РЕНАМО ги оспори изборните резултати, прогласувајќи победа во шест покраини. После тешкиот преговарачки процес, на 7 август оваа година е постигнат договор за помирување, кој одредува правила за демилатиразација, разоружување и реинтеграција на борците на РЕНАМО. Во таа прилика мозамбискиот претседател Филипе Нуси и водачот на РЕНАМО Осуфо Момаде, ветија дека двете страни ќе учестуваат мирно на претседателските, парламентарните и покраинските избори, кои ќе се одржат на 15 октомври.

Земја со големи можности

Во економски поглед Мозамбик, земја која има 30 милиони жители, е една од најсиромашните во светот. Во 2016 година се откриени големи долгови кои властите ги криеле пред меѓународните кредитни установи, што доведе до повлекување на меѓународната финансиска помош, при што настана голема инфлација.

Економијата се базира најмногу на земјоделство, на во селските подрачја само 15 % од населението има пристап до електрична енергија. Во 2011 година се пронајдени големи извори на природен плин. За нивно искористување е потребно големо инвестирање, но според мислењата на стручњаците, до 2025 година таа земја би можела да стане втора земја во светот со прозиводство на природен плин. А ако се победи корупцијата Мозамбик би можел да стане една од главните земји за економски процвет на африканскиот континент.

Црквата во Мозамбик

Католичката Црква во Мозамбик има повеќе од шест милиони христијани, односно 28 % од населението. Посебно во руралните подрачја голем дел од населението и понатаму припаѓа на традиционалните африкански култови. Скоро една петина се муслимани, кои живеат најмногу на северот и крајбрежјето на земјата. Христијаните се побројни на југот и во градовите. Мозамбиската епископска конференција опфаќа три митрополии и девет суфрагани бискупии. Членка е на Советот на епископски конференции на Африка и Мадагскар (SECAM) и Меѓурегионалното собрание на епископи на Јужна Африка (IMBISA).

Во очекување на папата Фрањо

Народот во Мозамбик со големо нетрпение и радост го очекува доаѓањето на папата Фрањо, кој ќе ја посети земјата 30 години после посетата на свети Иван Павле II – рече во разговор за Ватикан њуз, отец Хорге Аугусто, одговорен во Комисијата за комуникација на Мозамбиската епископска конференција. Осврнувајќи се на мотото за посетата на Папата, кое гласи: „Надеж, мир, помирување“, отец Хорхе рече дека во него е содржана поновата историја на Мозамбик.

Надеж, затоа што народот многу страда. Затоа треба да се издигне како би продолжил напред. Мир, затоа што после мировниот договор од Рим, дваесет години живеевме во мир. Но после тоа повторно дојде до војна. И навистина, недостасуваше зборот помирување. Недостасуваше затоа што не дојде до вистинко помирување меѓу нас Мозамбиканците. Ова е многу важен историски момент за нашата земја, во очекување сме со доаѓањето на Светиот Отец да ги видиме сите тие три збора. Нема мир без помирување – додаде отец Хорге.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот