Моето име е Клевер и сум ХИВ позитивен“

Моето име е Клевер и сум ХИВ позитивен“

Моето име е Клевер Даниел Киквембе и сум ХИВ позитивен. Можеби ви е познато, а можеби и не дека во Танзанија има 1,6 милиони луѓе кои се заразени со ХИВ, а меѓу нив се вбројувам и јас. СИДА-та е на самиот врв на скалата за болести со кои Танзанија се бори. Се трошат многу пари за да се спречи ширењето на овој вирус преку превентивни акции и преку акции за контрола на болеста со медикаментни третмани. Меѓутоа вирусот и понатаму е во предност.

Имам 15 години и живеам со тетка ми по име Фрола во малото место Рујева. Куќата во која живееме е традиционална африканска куќа од земјани блокови покриени со кал. Мајка ми која истотака беше ХИВ позитивна ја загубив во третата година од животот. Во училиште престанав да одам. Вирусот кој го носам секогаш ми создава некои проблеми. Висока температура, болки во зглобовите, ограничена подвижност, замор, осип на кожата и разни инфекции е сето она што ми пречи за мојот нормален живот и редовно одење во училиште. По последниот третман се чувствувам добро, дури можам и да трчам. Среќен сум.

Луѓето заболени од СИДА во Танзанија не се некои кои би сакал да ги имаш во својата близина. Можеби затоа што од нив не може многу да се очекува? Можеби затоа што се со „ограничено траење“? Можеби затоа што повеќе не изгледаат онака како што изгледале порано заради појавата на надврешните симптоми по телото? Не знам.

Ми се чини дека и мојот татко застана на размислувањето на мнозинството. Ниту тој не ме сака. Ме напушти по смртта на мајка ми, на чиј лик не се сеќавам, но „секојдневно го чувствувам.“ Ја чувствувам и тогаш кога имам неподносливи болки кои го совладуваат моето тело, ја чувствувам и тогаш кога можам да трчам, го чувствувам нејзиното отсуство, го чувствувам…

А татко и прашањето „Зошто?“ секогаш одат заедно едно со друго? Во својата трета година од животот сѐ уште сум живо и разиграно дете. Моите симптоми дојдоа многу доцна. Бев „нормално дете“. Можевме да го искористиме тоа време, а зошто не сме го искористиле? Можевме заедно да ги славиме моите родендени, а зошто не сме ги славеле? Можевме да го прославиме и мојот прв ден во училиште, а зошто не сме? Но, морам да ти кажам тато иако пораснав и со малку изменет надоврешен изглед во мене сѐ уште живее она исто живо и разиграно дете кое секојдневно го очекува твоето доаѓање, за да ти го подарам она единственото што го имам и го чувам сите тие години за тебе. Тоа е прегратката на дете кое сака да биде прифатено и сакано. Чувствувам дека ни преостанува уште време за игра, за разговор за мојата мајка, за разговор за твојот живот и твоето детство…

Приказната на детето Клевер кој е во програмата на „Зденец“ е една од многу случни судбини на децата заразени со ХИВ. Многумина од нив се напуштени во сиропиталишта. Благодарение на својата тетка Клевер остана во семејството. Неодамна прогласената за света Мајка Тереза кажала дека го гледа Бог во секое човечко битие. За жал повеќе пати и самите го набљудуваме светот и луѓето околу себе со овоземските, а не со духовните очи. Тоа не ни дозволува да ја спознаеме убавината на Божјата креација во секое човечко битие, без разлика дали е лепрозен, инвалид или ХИВ позитивен како малиот Клевер. Не ни дозволува да се отвориме за љубовта затоа што сите сме создадени за да љубиме и да бидеме љубени.

J.B./Зденац/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот