Млад брачен пар ќе ја води првата католичка болница во Ирак

Млад брачен пар ќе ја води првата католичка болница во Ирак

Халдејскиот надбискуп, Башар Вард, го покани младиот брачен пар Савен Огана и Бан Исаки, лекар и стоматолог, да ја започнат работата на првата и единствена болница со која управува Католичката црква во Ирак по падот на т.н. Исламска држава.

Тие двајца млади луѓе, кои имаат по 28 година сега се во Бризбејн во Австралија, каде на Католичкиот универзитет ја завршуваат обуката за здравествени администратори, со што всушност се подготвуваат за проектот на кои се поканети. Болницата, како што објасни тој млад брачен пар за порталот Chaldean View, ќе започне со работа во христијанскиот кварт Анкава во Ербил, во северен Ирак, и ќе се нарече „Shlama“ или „Shalom“, односно „Мир.“

Надбискупот Вард сака христијаните да бидат присутни во Ирак со своите вредности, посебно на подрачјето на образованието и здравството – рече Савен. Тој е првиот предизвик за тие двајца млади луѓе кои велат дека оставиле сè, оставајќи ја на страна и својата кариера, за позитвно да одговорат на таа покана. Двајцата веќе се волонтери во надбискупијата во Ербил и имаат работено со бегалци во долината Нинивија. Сега како стручњаци сакат да ги стават на располагање своите способности и силата, затоа што она нешто што најмногу го сака секој Ирачанин е мирот.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот