Мис Универзум подарила луксузни подароци на филипинскиот Каритас

Мис Универзум подарила луксузни подароци на филипинскиот Каритас

„Да делиме едни со други. Да делиме не очекувајќи ништо за возврат,“ рече филипинката Мис Универзум.

Актуелната Мис Универзум, филипинката Пија Алонсо Вуртцбах одлучи да ги донира на Каритас Манила луксузните подароци кои како победничка ги добила на натпреварот.

Се работи за предмети од најпознатите светски модни брендови како што се Шанел, Прада, Валентино, Луј Витон, Барбери…

„Да делиме едни со други. Да делиме, не очекувајќи ништо за возврат,“ рече Вуртцбах за време на средбата со кардиналот Луис Антонио Тагле.

Кардинал Тагле ѝ се заблагодари на 27 годишната Мис за нејзините дарови потсетувајќи дека нивната заедничка цел е да се служи на браќата и сестрите од љубов.

„Мис Пија вие сте голем човек и вистински пример… Среќен сум кога познати луѓе како Вас даваат помош, а посебно кога се во прашање младите на кои треба да им се обезбеди образование“, рече надбискупот на Манила кој на Вуртцбах инаку католик ѝ подари бројаница, која ја добил од папата Фрањо.

Директорот на Каритас Манила о. Антон Паскуал рече дека целата подарена облека од познатите светски брендови ќе биде продадена за да се соберат средства за образовни програми на младите.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Сведоштва, Свет

За авторот