Мисиската недела: Еве ме, испрати ме мене!

Мисиската недела: Еве ме, испрати ме мене!

Посланието на Црквата е да мисионира, односно да го навестува Евангелието, во сите краишта на светот. Црквата за да нѐ направи свесни на ова послание, како и нашата одговорност кон мисионерското послание, секоја претпоследна недела во месец октомври го слави Светскиот ден на мисиите, а оваа година тоа е на 18 октомври.

Тоа е пригодна можност како крстени во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, да размислуваме и за нашето мисионерско послание и задачата која Господ ја довери на секој од нас: Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал; и ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин!«

За да го исполниме нашето мисионерско послание не мора да појдеме во некои далечни краеви, туку би можеле да кажеме дека тоа започнува од нашиот дом и семејство и преку нашата парохиска заедница да се манифестира во општеството и светот. Во тоа послание треба секогаш да бидеме свесни дека не сме сами, туку дека Господ Исус Христос е со нас преку сите дни до свршетокот на светот.

Голем е бројот на наши блиски, роднини, пријатели, колеги кои многу малку или воопшто не ја познаваат љубовта Божја. И затоа Господ бара луѓе. Светиот Отец папата Фрањо во пораката за Светскиот ден на мисиите ја посветува на зборовите од пророкот Исаија 6,8 каде Господ вели: „Кого да испратам?“ и од нас очекува великодушен и убедлив одговор: „Еве ме, испрати ме мене!” Бог продолжува да бара кого да испрати во светот и народите за да сведочи за неговата љубов, неговото спасение од гревот и смртта, неговото ослободување од злото.“

Кажи му и ти на Господ: „Еве ме, испрати ме мене!” Биди подготвен да се ставиш во негова служба, преку тоа што ќе посветиш дел од своето време за молитва за мисионерското дело на Црквата, но исто така и преку доброволните прилози кои се собираат не само на Мисиската недела. Посебно во ова време на криза потребни конкретни дела како би испаднале во „пресрет на духовните и материјални потреби на народите и црквите во целиот свет, за спасение на сите.“

Завршувам со зборовите на папата Фрањо од пораката за Мисика недела 2020 година: Пресвета Марија, Ѕвезда на евангелизацијата и Утеха на тажните, мисиска ученичка на својот Син Исус, нека продолжи да се застапува и да ни биде на помош.

Како што одговори Богородица на ангелот Гавриил: Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите твои“, така нешто слично да кажеме и ние повторувајќи ги зборовите на пророкот Исаија: Еве ме, испрати ме мене!”

к.мк/го*ко

Категорија: Колумни

За авторот