Милосрдието на папата Фрањо оди низ светот

Милосрдието на папата Фрањо оди низ светот

Љубовта на папата Фрањо кон народите кои страдаат најмногу од пандемијата на коронавирусот не престанува. Имено, преку кардиналот Конрад Крајевски, Папскиот делител на милостина, во нунцијатурите на девет земји во светот се испратени респиратори и медицински апарати.

Од Латинска Америка до Индија, Јужна Африка и Сирија, сè до Папуа Нова Гвинеја; конкретното милосрдие на папата Фрањо кон оние кои страдаат постојано оди низ светот. Додека Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на зголемување на инфекцијата заради варијанта на вирусот и додека последните на нашата планета сè уште умираат, кампањата за вакцинација интензивно продолжува во богатите земји. Од оваа причина, Апостолската милостилница, управувана од кардиналот Конрад Крајевски, набави 38 респиратори и ги испрати на 17 јуни, заедно со други медицински апарати, во земјите на кои сè уште им требаат такви уреди за спасување животи.

Бразил и Индија добија по шест уреди, по пет се наменети за Аргентина и Колумбија, кои добија медицински материјали од Ватикан во април; по четири уреди се наменети за Чиле и Јужна Африка; По три уреди ќе бидат ставени на располагање на Боливија и Сирија, а два ќе ја олеснат состојбата во болниците во Папуа Нова Гвинеја. Респираторите биле испраќани преку доставувачи, а апостолските нунциатури ќе ги дистрибуираат до локалните здравствени установи.

И покрај напорите на здравствените работници ширум светот, пандемијата сè уште не е под контрола. Имено, има сè повеќе случаи на таканаречена делта варијанта која доаѓа од Индија. Ситуацијата во Русија е загрижувачка, особено во главниот град Москва, каде повеќе од 400 луѓе умираат секој ден.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот