Миланскиот надбискуп не се согласува со паниката за коронавирусот, но ги разбира луѓето

Миланскиот надбискуп Марио Делпини во разговор за Радио Ватикан изјави дека не се согласува со паниката која настана заради ширењето на коронавирусот во Италија, односно со тоа, како што напомена, со стравот од зараза малку се претерало. Сепак, со оглед на просторот кој медиумите го посветуваат на таа тема, го разбира однесувањето на луѓето, кои во последните денови итно набавуват прехранбени намирници и поминуваат низ проблеми во најобичните секојдневни активности. Тој смета дека треба да се следат упатствата на надлежните власти како секој во мир би го направил она што е во негова можност.

Според последните податоци во Италија од коронавирусот се заразени 288 лица, а седум се починати. Во северните италијански покраини Ломбардија и Венето, локалните власти донесоа мерки со цел да се спречи ширењето на заразата. Меѓу мерките се и затворање на училиштата и бројни културни и јавни установи, па дури е запрено и со служење на свети Литургии.

Надбискупот Делпини истакнува дека со таква ситуација се соочува извесна смиреност и доверба во надлежните институции, како и подготвеноста за спроведување на предложените мерки на претпазливост како би се спречило ширењето на вирусот.

Миланскиот надбискуп се осврна на мерките кои важат за целата покраина Ломбардија, како што е на пример избегнувањето на собири, поради што нема да има и свети Литургии на Пепелница. Според неговото мислење верниците во моменталната ситуација може повеќе да се посветат на личната молитва и покора, размислувајќи за Евангелието. Тој исто така истакна дека од актуелните случувања може да се научи за важноста на добра комуникација, односно некои начини на комуникација може да поттикнат паника, додека други начини може да поттикнат на разборитост.

Надбискупот на крајот се помоли за Божји благослов за научниците институциите како би биле мудри во донесувањето на мерките, како и за сите луѓе како би биле помалку горделиви и заедно да се бара решение.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот